Водич за партнерскиот договор

Како да го пополните партнерскиот договор

Видео од околу 3 минути: како ја отворате и пополнувате пријавата, како ги печатите и потпишувате документите и што следува потоа.

Видеото се вчитува од YouTube дури кога ќе го пуштите.

Отвори на YouTube

Петте чекори од видеото

  • Пополнете

    Ја отворате пријавата преку линкот што ви го праќаме и ги внесувате податоците во пет кратки чекори — од правното лице до попустот и исклучоците.

  • Преземете

    По прифаќањето ги преземате Договорот (со Прилог 1) и Општите услови, пополнети со вашите податоци. Истите ги добивате и на е-пошта.

  • Испечатете

    Секој документ го печатите во два примероци.

  • Потпишете

    Потпис и печат на означените места. Полето лево е за Benny — него не го пополнувате.

  • Подигнуваме

    Еден примерок задржувате, другиот доаѓаме да го подигнеме. Потоа го креираме профилот на објектот и ги отвораме сметките.

Сè уште не сте партнер?

Линкот до пријавата го праќаме по краткиот разговор со нашиот тим. Оставете ги вашите податоци — ќе ве контактираме во рок од еден работен ден.